Објавен јавен повик за изведувач на спомен обележје на Никола Карев кај Свиланово

Од:

Центарот за развој на Источниот плански регион објави јавниот повик за прибирање понуди од заинтересираните компании за изведба на градежните работи за изградба на спомен обележјето на Никола Карев кај месноста Свиланово, недалеку од кочансклото село Рајчани.

Комплетната реализација на спомен обележјето ќе чини 4.800.000 денари, средства добиени од Бирото за рамномерен регионален развој. Во реализацјата на прокетот се вклучени и општините Пробиштип и Чешиново-Облешево, а носител на активностите е општина Кочани.

– За изградбата на спомен обележјето на Никола Карев кај Свиланово одлука донесе Советот на општина Кочани со што се обезбедија и финансиски средства од Буџетот на општината, изјави градоначалникот Ратко Димитровски.

Според Димитровски, локацијата се простира на површина од 1.600 метри на која ке биде лоциран спомен обележјето со останатите придружни елементи. Објектот ќе биде во вид на амфитеатар, со места за седење и клупи додека осветлувањето ке биде со лед светилки кои како енергија ке ја користат сончевата преку сончеви колектори.

Целокупната реализација на спомен обележјето на Никола Карев кај Свиланово се очекува да биде реализирана за три месеци, односно до октомври оваа година.

Би можело да ве интересира

Седумдесет години од пренесувањето на останките на Никола Карев во Крушево

Ковачевски оддаде почит на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република

Крушево му оддаде почит на претседателот на Крушевската Република

А1он

Разрешена директорката на гимназијата „Никола Карев“

Ана Ололовска

ВИДЕО: „За последиците не ви гарантирам“, директорката на „Никола Карев“ предупредува, но вели дека го поддржува протестот на учениците

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Учениците од „Никола Карев“ следат настава со ракавици и јакни, за директорката тоа е нормално

Кристијан Ландов