Со промоција на нова поштенска марка со тема „Недела на Црвениот крст“ денеска Црвениот крст на Република Македонија го одбележа „8 Мај“, Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Престседателот на Црвениот крст на Македонија Милчо Трајков истакна дека Црвениот крст на Македонија успеал да ја мобилизира моќта на хуманоста и да им помогне на оние кои им е неопходна помош да се опорават од криза или катастрофа
– Во исполнување на својата мисија наштите волонтери и вработени се водени од принципите со кои се оди подалеку од географските, верските и културните граници, рече Трајков.
Тој ги посочи големиот број предизвици со кои се соочува Црвениот крст на Македонија меѓу кои активности во тек на и по завршувањето на кризи или катастрофи, при помош околу потребите на мигрантите по должина на мигрантските патеки…
Генералниот директор на Македонска пошта, Фадис Реџепи ја потенцираше соработката со Црвениот крст која според него се темели на работата на организацијата како хуманост, непристрасност, независност и универзалност и која секогаш се труди да биде таму кадешто помошта е најпотребна.
– Плод на нашата заедничка соработка е издавањето дополнителна поштенска марка по повод Меѓународниот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, преку која сакаме уште еднаш да ја потенцираме и да ја промовираме важноста за заедничко разбирање, пријателство, соработка и траен мир меѓу сите луѓе, рече Реџепи.
Информира дека номиналната вредност на поштенската марка е девет денари и е издадена во тираж од 50.000 проимероци. Средствата од продажбата на поштенската марка ќе бидат наменети за Црвениот крст.
Црвениот крст на Република Македонија го одбележува овој ден преку организирање на повеќе настани: поделба на благодарници на крводарители, јавни настани во централните градски подрачја, работилници за проширување на знаењата за Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, помош на различни целни групи, дебати, медиумски јавни настапи… во сите 34 Општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје.
– Нашите волонтери и вработени се водени од принципите со кои се оди подалеку од географските, верските или културните граници. Црвен крст на РМ претставува единствена организација на територијата на Република Македонија, која ја сочинуваат мрежа на 34 општински организации на Црвениот крст, Црвениот крст на град Скопје, со вкупно 102 вработени лица, 10.042 регистрирани членови и 3.648 број на активни волонтери кои се дел од локалните заедници ипретставуваат мост до нашите крајни корисници, велат од Црвениот крст на Македонија.
Меѓународниот ден „8 мај“ се одбележува во сите 190 национални друштва во светот во чест на основололожникот на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина Анри Динан, швајцарски трговец, роден токму на 8 мај кој го иницира нејзиното формирање.