Денес во 13 ч. пред РадиоБар, на местото каде што минатата сабота беше свирепо убиен локалниот миленик, кучето Идриз, граѓани се собираат на мирен протест да оддадат почит и да им порачаат на институциите дека бараат нулта толеранција и најстроги казни за ваквите дела.
Нашиот општествен организам мора да ги изолира болните клетки како што е убиецот на Идриз. Во спротивно, ризикуваме болеста да нè зафати сите, соопштуваат од Здружението за заштита на животните и животната средина ЕДЕН.