Училиштето „Тоде Хаџи-Тефов” во Кавадарци ќе добие спортска сала

Од:

Во основното училиште „Тоде Хаџи-Тефов” во Кавадарци ќе се гради спортска сала, за што денеска беше потпишан договор од претставници на Министерството за образование и наука, локалната самоуправа, училиштето и изведувачот на работите.

Кавадаречкиот градоначалник Акександар Панов рече дека е ова посебен ден за учениците и воопшто жителите од оваа урбана заедница, кои со децении очекуваа спортска сала. Информираше дека деновиве ќе отпочне и градбата. Потсети дека темелот беше ставен уште во 2013 година, но дека работите се оддолжиле бидејќи во меѓувреме се инвестирало во други општини, а кавадарчани почекале бидејќи претходно веќе беа изградени други две спортски сали.

– Пропустот е направен, ние не бегаме од тоа. Бевме критикувани и како локална самоуправа и како Влада за таа работа, меѓутоа еве денеска изведувачите на објектот се воведуваат во изградбата на спортската сала. Во присуство на претставници на надзорот и Министерството за образование. Овој пат нема да има враќање назад, нагласи Панов во изјава за медиумите. Интензивно ќе се работи, додаде, со цел преку спорт и рекреација да се изградуваат здрави личности.

Директорот на училиштето Никола Нешковски соопшти дека станува збор за воспитно образовна институција со најголем број ученици во општината, а можеби и во регионот. Подвлече дека училишната спортска сала е неопходност за секое училиште.

– Тешко се изведува наставата по физичко образование без сала. Долгоочекуван е овој објект кој ќе биде со сите реквизити и исполнети неопходни услови. За една година треба да биде изграден објектот, а може и порано, во зависност од временските услови, рече Нешковски за медиумите, потсетувајќи и на сите претходни инвестирања во училиштето во изминативе неколку години.

Во ОУ Во основното училиште „Тоде Хаџи-Тефов” се школуваат 720 ученици, а има и подрачно училиште. За следната учебна година очекуваат нешто поголем број на првачиња.

Би можело да ве интересира

Се бара изградба на обиколница во Кавадарци за да се намали загадувањето на воздухот

А1он

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена

42-годишен кавадарчанец ја истепал сопругата, насилникот заработи кривична