Во Кабинетот на Ѓорге Иванов, пристигнало писмото во кое што Претседателот на Собранието, Талат Џафери го информира дека е формирано парламентарно мнозинство и избран претседател на Законодавниот дом.
– Кабинетот на претседателот потврдува дека е пристиганото писмо од Собранието на РМ. Претседателот Ѓорге Иванов ќе постапи согласно Уставот на РМ и воспоставената практика, велат за МИА од Кабинетот на македонскиот претседател.
Претходно, од кабинетот на претседателот на Собранието со соопштение информираа дека е испратено писмо до претседателот Ѓорге Иванов дека е формирано парламентарно мнозинство и избран претседател на Собранието на Република Македонија.
– Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска со писмо го извести претседателот на државата Ѓорѓе Иванов дека е формирано парламентарно мнозинство и избран претседател на Сорбрание на Република Македонија, се наведува во соопштението.
Претседателот на Собранието Талат Џафери, како што се посочува, очекува дека претседателот Иванов ќе постапи според Уставот на Република Македонија.