Заврши четвртиот повик на Фондот за иновации и технолошки развој за финансирање проекти со инструментите кофинансирани грантови за ново основани трговски друштва „стар ап“ и „спин оф“ и кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.
За повикот, на кој фирмите можеа да доставуваат предлози од 3 февруари годинава до вчера, се обезбедени милион и 450 илјади евра. Парите се наменети за финансирање микро, мали и средни претпријатија регистрирани во Македонија.
Целта е поттикнување на иновативноста кај претпријатијата имплементирање иновативни решенија и поддршка на претпријатијата со висок потенцијал за раст.
Досега Фондот поддржал 37 проекти, во вредност од 1,5 милиони евра.
Детали за повикот денеска пред медиумите ќе презентира директорката на Фондот за иновации и технолошки развој Јасмина Поповска.