Актуелниот италијански шампион славеше победа од 0-2 на гостувањето кај Монако во првиот дуел од полуфиналето во Лигата на Шампионите.
Јувентус беше фаворит во овој двомеч, а по победата на гостински терен им останува само рутински да го одиграат вториот натпревар и да го очекуваат големото финале во Кардиф.
Стрелец на двата гола за Јувентус беше аргентинецот Гонзало Игуаин, со по еден гол во двете полувремиња.
Реванш натпреварот ќе се игра веќе следната недела во вторник, на 9. мај.
Во другото полуфинале тимот на Реал Мадрид вчера славеше против Атлетико Мадрид со 3-0.