Столтенберг: Соработката меѓу ЕУ и НАТО од исклучок се претвора во правило

Од:

Соработката меѓу ЕУ и НАТО од исклучок се претвора во правило, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, пред комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент.

Тој забележа дека средбата на шефовите на држави и влади од НАТО во Брисел подоцна овој месец ќе биде кратка, но важна, особено заради присуството на новите претседатели на САД и на Франција.

„Ќе бидеме 29 членки, затоа што ќе присуствува и претставникот на Црна Гора, земјата, на која пред неколку недели сите држави од Алијансата и го ратификуваа членството“, посочи Столтенберг.

На седницата на врвот на НАТО ќе се разговара за трансатлантските врски, поделбата на трошоците, борбата против тероризмот. Според Столтенберг, борбата против терористите предвидува политички, дипломатски и економски мерки. Има и воен елемент во борбата со тероризмот, како што покажуваат дејствијата против Исламска држава, дополни генералниот секретар.

– Ја поздравувам силната европска одбрана, изјави Столтенберг.

„Со развојот на плановите во оваа област ЕУ треба да ги дополнува напорите на НАТО, а не да се натпреварува со нив, искоментира Столтенберг.

Би можело да ве интересира

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина