Кристијано Роналдо со хет-трик му донесе голема победа на Реал во дуелот против градскиот ривал Атлетико.
Португалецот беше стрелец на сите три гола за „кралскиот клуб“ во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите во кој Реал го победи Атлетико со 3-0
Првиот гол Роналдо го постигна во 10. минута, по уфрлувањето на Касемиро.
Иако во најголемиот дел од првото полувреме Реал доминираше сепак до истекот на 45-те минути резултатот остана непроменет.
Во второто полувреме Реал рутинирано ја контролираше играта и преку контра напади го загрозуваше голот на Атлетико.
Токму по такви акции Португалецот, во 73. минута зголеми на 2-0, а на четири минути до крајот (86) го постави конечните 3-0 за Реал.
Реванш дуелот мадридските ривали ќе го играат следната среда (10 мај).
Вечерва од 20:45 часот, својот прв полуфинален дуел ќе го играат Монако и Јувентус.