Столтенберг: Размислуваме за јакнење на НАТО силите во Авганистан

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска дека Алијансата разгледува план за јакнење на своите трупи во Авганистан, каде и помога на локалната војска да се бори против исламистичките бунтовници.

Тој нагласи дека, имајќи ја предвид безбедносната ситуација „полна со предизвици“, 28-те земји членки на НАТО размислуваат за зголемување на бројноста на мисијата „Одлучна поддршка“ за обука, помош и советување, со сегашните околу 13.000 припадници.

– Се очекува НАТО до јуни да донесе одлука за можно зголемување на трупите и продолжување на престојот кој сега се обновува еднаш годишно, нагласи Столтенберг.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата