Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го освои турнирот во Тунис што се играше за награден фонд од 60.000 долари.
Ѓорческа во финалниот меч загуби во два (2:0) сета од Холанѓанката, Ришел Хогенкамп,инаку трета носителка на овој турнир со 7:5 и 6:4 во гемови.
Сепак за Ѓорческа ова е најголем успех со самиот пласман во финалето. Таа досега имаше настапи во финале само на турнири со награден фонд од 25.000 и 10.000 долари.
Со пласманот во финалето таа ќе освои 48 нови поени и ќе има скок на новата ВТА листата која ќе биде објавена утре, а во пресрет на нејзиниот настап на Грен слем турнирот во Париз „Ролан Гарос“