Ново финале за Лина Ѓорческа

Од:

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во финалето на ИТФ-фјучрсот во Тунис, кој се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Ѓорческа со 2-1, по сетови 3-6, 6-4 и 6-4, ја совлада хрватската тенисерка Петра Мартиќ.

Иако нашата тенисерка го загуби првиот сет со 3-6, сепак во следните два Лина беше онаа која одигра подобро во решавачките моменти. Ѓорческа направи еден брјек во деветтиот гем од вториот сет и го доби со 6-4 за израмнување на резултатот на 1:1 во сетови.

На почетокот на третиот сет Ѓорческа го доби гемот на сервис на противничката па до крајот рутинирано го реши и тој сет во своја полза со 6-4, а конечни 2:1 во сетови и пласман во финалето.

За трофејот Ѓорческа ќе се бори со подобрата од вториот полуфинален меч во кој ќе играат Ришел Хогенхамп (Луксембург) и Агнеш Букта (Унгарија).

Би можело да ве интересира

Ѓорческа напредуваше едно место на ВТА листата

Наум Локоски

Ѓорческа ја мина првата пречка на фјучрсот во Франција

Наум Локоски

Ѓорческа против првиот носител во квалификациите на Вимблдон

Наум Локоски

Ѓорческа елиминирана во првото коло од квалификациите на Ролан Гарос

Наум Локоски

Ѓорческа се пласира во полуфиналето на турнирот во Рим

Наум Локоски

Ѓорческа без загубен гем се избори за четвртфиналето

Наум Локоски