МОСТ: Нападот врз пратениците и новинарите е напад врз демократијата во Република Македонија

Од:

„МОСТ го поздравува изборот на новиот претседател на Собранието на РМ во текот на вчерашното20-то продолжение на конститутивната седница.Мнозинството во Собранието има потполно право да овозможи негово нормално функционирање преку завршување на конститутивната седница, односно избор на сите собраниски тела, вклучувајќи и претседател и потпретседатели на Собранието. Само функционално Собрание може да овозможи нормализација на политичкиот процес.

МОСТ најостро го осудува нападот врз дел од пратениците од мнозинството. Слабата, неефикасна и ненавремена реакција на полицијата која овозможи граѓаните да влезат во Собранието е скандалозна и недозволива. Според Уставот на РМ, Собранието е највисокиот орган во државата, а пратениците се директни претставници на граѓаните. Оттаму, нападот врз Собранието, пратениците и новинарите е истовремено и напад врз демократијатаво Република Македонија. Ваков чинне смее да се случи во едно демократско општество и претставува вршење на повеќе кривични дела, а за најтешкото од нив е предвиденаказна затвор од најмалку десет години илидоживотно.

Апелираме до граѓаните да бидат сталожени, внимателно и со резерва да ги земаат сите информации кои се објавуваат во медиумите и јавноста, да не подлегнуваат на никакви провокации и да не го попречуваат нормалното функционирање на институциите на системот. Апелираме до Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да покренат истраги за вчерашниот настан, а МВР да ги зајакне безбедносните мерки и да овозможи услови за нормалнофункционирање на сите државни институции.

Во досегашната историја Република Македонија имаше 3 смени на власта, во 1998, 2002 и 2006 година. Сите овие промени се одвиваа мирно, без никакви проблеми и во согласност со Уставот и законите.

МОСТ ќе продолжи да ја набљудува работата на Собранието на РМво делот на исполнување на неговите уставни и законски надлежности“, се вели во соопштенито на МОСТ.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

(ВИДЕО) Се урна дел од мостот на граничниот премин „Градишка“, преминот е затворен

Горан Наумовски

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он