На градскиот стадион во Крива Паланка денеска се одржа општинскиот крос натпревар на кој учествуваа учениците од трето до деветто одделение од основните училишта „Илинден“ и „Јоаким Крчовски“ и од средното општинско училиште „Ѓорче Петров“.
Натпреварот се одржува осми пат во организација на Општинскиот сојуз на училишни спортови – Крива Паланка.
И годинава околу петстотини ученици се наттрчуваа во две категории, машки и девојчиња, на патеки соодветни на возраста. Трето и четвротоодделенците трчаа на 200, 500 и шестоодделенци на 300 метри. Учениците од седмо и осмо одделение ги одмерија силите на патеката од 400 метри, а деветтоодделенците на 600. Средношколците трчаа на патеката од 800 метри.
Најбрзите и најуспешни во одделните возрасни категории добија дипломи и медали. Покровител на оваа традиционална спортска манифестација е градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски.