Според, засега непотврдени информации до кои дојде порталот Фактор, државните електрани се пријавиле на јавниот оглас на Регулаторната комисија за енергетика за добивање лиценца за производство на топлинска енергија. Рокот за пријавување на огласот на регулаторната комисија за енергетика истече вчера во 16 часот.
Регулаторите вчера потврдија дека примиле апликација од Топлификација „Дистрибуција на топлина“ и „Балкан Енергџи груп“.
Според порталот Фактор компанијата „Балкан Енерџи Груп“ се јавила на огласот за сите три лиценци, Топлификација само за делот дистрибуција, додека според последните информации Државните електрани се јавиле на огласот за добивање лиценца за производство на топлинска енергија.
Извори за „Фактор“ велат дека ЕЛЕМ се јавиле на огласот како бекапваријанта за „Балкан Енерџи Груп“, бидјеќи компанијата иако конкурирал на огласот сепак, според непотврдени информации немала доволен број на вработени за да ја извршуваат целата работа за која пројавиле интерес по однос на огласот.
Во понеделник се очекува регулаторот официјално да ги соопшти имињата на компаниите кои се јавиле на огласот. Конечната одлука ќе биде донесена до крајот на месецов, односно до крајот на календарската 2012, велат од Регулаторната комисија за енергетика.
Според Топлификација, Скопје нема да остане без топлинска енергија, долгот кој компанијата го направила кон Макпетрол до 30 ноември е платен. Останатиот дел ќе се плаќа сукцесивно.