ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите

Од:

Имајќи ги предвид поплаките на микро, малите и средните претпријатија, ДУИ ги пренесува нивните поплаки дека Влада со моноетнички легитимитет, на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за над 65.000 микро, мали и средни претпријатија за повеќе од 50%. Дури и тоа од 8,78 ден/kWh до 13,37 ден/kWh или за повеќе од 50%, велат од ДУИ.

– Сакаме да ја информираме јавноста дека оваа акција директно влијае на буџетот на граѓаните со зголемување на цената на производите и услугите како и оштетување на ликвидноста на компаниите. Со не зголемувањето на минималната плата, платите во јавниот сектор, ваквата акција ќе влијае на влошување на животниот стандард на нашите граѓани. Апелираме што поскоро да се преземат мерки за намалување на цената на струјата како и на цените на прехранбените производи во интерес на граѓаните и микро, малите и средните компании кои сочинуваат 98% од активните компании во државата – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Европски фронт не ги коментира информациите за излегувањето на Тачи, од ДПА најавуваат став следните денови

Меџити за излегувањето на Тачи од Европски фронт: Тие не се споија идеолошки, туку за да опстанат на политичката сцена

Лефков: ДЗР констатира Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не вршеле работа од тој тип, ниту имало потреба за тоа

Европски фронт: Немаме намера да станеме дел од владината коалиција

Вреди: Криминалното раководство на ДУИ и нивните сателити ќе прават претстава само да избегнат соочување со правдата