Необично барање: Полските пратеници поради прељуба да го загубат мандатот

Од:

Сопруга на поранешен пратеник од владејачката полска партија Право и правда покренува кампања и осмисли предлог закон со кој би се истерал неморал од полскиот Парламент, особено од пратеничкиот хотел на Сејмот, а кој би предвидувал автоматски одземање мандат.

– Мојот сопруг, пратеникот Мариуш Камињски изврши прељуба во Сејмот со партиска колешка. Мојот сопруг е прељубник. Не е единствен. Во полскиот Парламент има премногу прељуби и разврат. Човек кој ќе изврши прељуба е едноставно предавник. Има ли место за такви во полскиот Парламент? Нема, напиша Ана Камињска на Фејсбук, барајќи петиција за новиот закон.

Предлог законот кој таа има намера да му го предаде на Сејмот на усвојување, како закон од граѓанска иницијатива, предвидува прељубата докажана на суд автоматски да „повлече“ и доживотна забрана за кандидирање во Парламентот.

Во заклетвата за пратенички мандат новиот пратеник би морал да потпише дека се откажува од мандат доколку изврши прељуба, а би требал да поднесе и писмена потврда дека сопругата и сопругот одобруваат да биде пратеник.

Пратеничкиот хотел во зградата на Парламентот, во кој престојуваат пратеници од внатрешноста на земјата, со години е главна тема на насловните страници на полските таблоиди, често со фотографии од некој пратеник во алкохолизирана состојба како спие во ходникот.

Би можело да ве интересира

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата