Северна Кореја лансираше сателит

Од:

Лидерот на Северна Кореја Ким Ионг ун со цигара го прослави успешното лансирање на сателит во орбитата.

На фотографиите кои ги објави државната агенција се гледа како Ким дава наредба за лансирање на ракетата, го следи нејзиниот лет, за потоа да му честита на персоналот и на крај да пали цигара додека гледа во мониторот.

Во Северна Кореја поради лансирањето на ракетата денеска имаше марш на војската и цивилите, кои славеа поради тоа што нивниот лидер лансираше сателит во орбитата и покрај предупредувањата на меѓународната заедница.

Официјален Пјонгјанг денеска успешно лансираше сателит, по неуспешниот обид пред осум месеци.

„Изненадувачкиот успех“ на лансирањето можеби на Ким му донесе осуда во светот, но дома овој ризичен потег му се исплати, барем на краток рок. Ким пред својот народ се прикажа ккао моќен, способен и одлучен, наспроти своите „странски непријатели“.

Десетици илјади Севернокорејци учествуваа во прославата на плоштадот Ким Ил Сунг во Пјонгјанг.

Пјонганг соопшти дека ракетата во орбитата пренела сателит за надгледување на временските услови, додека меѓународната заедница смета дека ова е лош обид да се замаскира тестирањето на интерконтинентални проектили.

Овој потег на Северна Кореја може да и донесе нови санкции од страна на ОН, со што дополнително ќе се зголеми изолацијата на оваа азијска држава.

И покрај успехот, експертите тврдат дека Северна Кореја е далеку од можноста да развие проектили со кои би можела да ги бомбардира САД или други оддалечени мети. Прашањето сега е како меѓународната заедница ќе го казни Пјонгјанг и како ќе се успее да ја оддалечи земјата од нуклеарните проби.

Корејскиот експерт од Советот за меѓународни односи Скот Снајдер неодамна оцени дека нуклеарните амбиции на Северна Кореја треба да ги инспирираат САД, Кина, Јужна Кореја и Јапонија да ги стават на страна своите разлики и да се фокусираат на Пјонгјанг.

„Ако постои заедничка закана за која има потреба од регионална соработка, тоа секако би требало да биде погледот кон 30 годишниот лидер на тероризираното население кој го држи прстот на нуклераното копче“, напиша Снајдер.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња