Започна реконструкцијата на ученичкиот дом во Кавадарци

Од:

Започна реконструкцијата на ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков” во Кавадарци. Директорката Трајанка Толева денеска информираше дека работите ги изведува фирма која ја доби оваа работа на тендерот распишан од Министерството за образование.

– Од наредната учебна година ќе имаме многу подобри услови за сместување на учениците кои престојуваат во нашиот дом, додека се школуваат во Кавадарци. Токму затоа и очекуваме поголем број на ученици кои ќе учат средно училиште во Кавадарци, да сакаат да бидат сместени овде, нагласи Толева.

Таа соопшти дека реконструкцијата која чини пет милиони денари, опфаќа комплетна промена на електриката, санитариите со водоводот и канализацијата, подовите , вратите и прозорците.

Во моментов во домот се сместени шеесет ученици.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак