Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на првиот ден од фјучрсот во Тунис што се игра за награден фонд од 60.000 долари постигна победа во сингл и пораз во конкуренција на двојки. Таа најпрвин по голема борба и меч во три сета со 2-1 во сетови ја совлада Даниела Сегуел од Чиле, иако противничката имаше водство од 1-0 во сетови.
Во игра на двојки таа заедно со Жана Познихиренко од Украина загубија од четвртите носителки Агнес Букта (Унгарија) и Вивиен Јухазова (Словачка). Ривалките го добија првиот сет со 6:2 во гемови, а во вториот сет беше 6:4 за Ѓорческа и Познихиренко. Решавачкиот сет го добија противничките со 10:7 на поени.
Во рамките на второто коло од поединечна конкуренција Ѓорческа ќе игра против Јулија Вулипо од Франција.