Британскиот тенисер Енди Мареј и натаму е лидер на АТП ранг листата, но сега со помала бодовна разлика од второ рангираниот Новак Ѓоковиќ. Иако двајцата тенисери рано го завршија својот настап на мастерсот во Монте Карло сепак и натаму остануваат на првите две места, а веднаш зад нив се Швајцарците, Станислас Вавринка и Роџер Федерер.
Со триумфот во Монте Карло, на петтото место се проби Шпанецот, Рафаел Надал, пред Милош Раониќ и Кеи Нишикори.
Во „Топ 10“ се уште, Марин Чилиќ, Доминик Тим како и полуфиналистот од Монте Карло, Давид Гован кој напредуваше за три позиции.