Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во пар со Бугарката Александрина Најденова ќе играат во финалето на фјучрсот во Киасо, Швајцарија.
Македонско-бугарската двојка (први носителки) во полуфиналето беа подобри од Миртил Жорж (Франција) и Тес Суњо (Швајцарија) со 2-0, по сетови 6:1 и 6:3.
Во финалето ќе играат против четвртите носителки на турнирот, Катерина Крамперова од Чешка и Ван дер Хок од Холандија.
Турнирот се игра за награден фонд од 25.000 долари.