Во седиштето на Европската фудбалска федерација (УЕФА) во Нион попладнево беа извлечени двојките за полуфиналето во Лигата на шампионите.
Првиот полуфинален пар го сочинуваат градските ривали Реал и Атлетико Мадрид. Овие две екипи минатата сезона играа во финалето кога Реал стана европски шампион.
Прв во двомечот домаќин ќе биде Реал, а реваншот ќе се игра на стадионот на Ателтико.
Во второто полуфинале Монако прво ќе го пречека Јувентус, а потоа ќе се игра реваншот во Тотино.
Првите мечеви ќе се играат на 2 и 3 мај, а реваншите се закажани за 9 и 10 мај.