Екипите на Јунветус и Монако се последните патници во полуфиналето од фудбалската Лига на Шампиони, откако по вечерашните реванш дуели беа поуспешни од Барселона и Борусија Дортмунд.
Актуелниот италијански шампион си ја заврши работата уште на првиот натпревар кога на домашен терен славеше со 3-0 против Барселона, а вечерашниот натпревар на Камо Ноу заврши со неефикасни 0-0.
Домаќините ја контролираа играта во текот на целиот натпревар и се обидуваа да пронајдат решение како да ја пробијат одбраната на италијанците, меѓутоа сепак тимот на Алегри успеа да издржи до крајот.
Во вториот натпревар вечерва, тимот на Монкао само ја потврди победата над Борусија Дортмунд славејќи со 3-1, со што вкупниот резултат од овој двомеч е 6-3.
Стрелци на головите за Монако беа Мбапе, Фалкао и Жерман, кој што постигна гол веднаш по неговото влегување во игра, додека голот за Дортмунд го постигна Марко Ројс.
Со овие два натпревари се комплетираше четфртфиналната фаза од Лигата на Шампионите, а пласман во полуфиналето покрај Јувентус и Монако, вчера изборија и Реал и Атлетико Мадрид.
Извлекувањето на паровите за полуфиналето е закажано за петок, 21. април од 12 часот.