Рамос: Не знам зошто толку се дискутира за судиите

Од:

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос вели дека не го разбира бесот и гневот на фудбалерите на Баерн кон одлуките на судиите по натпреварот во Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Од Баерн упатија низа критики на сметка на судиите, најмногу кон главниот арбитер Викторк Касаи. Баварците изјавија дека се „ограбени“, по двата гола на Кристијано Роналдо од недозволена позиција, и со исклучување на Артуро Видал.

– Почитувам сечие мислење, но јас не знам за што се дискутира тука. Судиите понекогаш ви даваат понекогаш ќе ви одземат, изјави Рамос.

Тој не може да не го прокоментира „твитот“ Жерард Пике од Барселона објавен во текот на натпреварот Реал Мадрид – Баерн Минхен, кога стави три точки.

– Ништо ново, јас не сум изненаден. Морам да го потсетам уште еднаш го гледа натпреварот против Пари Сен Жермен и да видиме дали има исто мислење на судиите, го советуваше Рамос соиграчот од репрезентацијата.

Реал синоќа го победи Баерн со 4:2 по продолжение и стигна до рекордното осмо по ред полуфинале во ЛШ.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска