Кристијано Роналдо, јунакот во победата на Реал Мадрид во четвртфиналната пресметка од Лигата на шампионите со Баерн Минхен упати порака до навивачите на „кралскиот клуб“.
– Ги молам навивачите веќе да не ни свират. Ние секогаш даваме максимум, а јас ќе се трудам да гледам само позитивни работи. На овој натпревар создадовме многу шанси, а Баерн покажа дека е одличен тим. Сепак подобри сме, постигнавме вкупно шест гола и заслужено одиме понатаму, изјави Роналдо.
Португалецот синоќа на реваншот постигна три гола и е првиот фудбалер со 100 погодока во Лигата на шампионите. Тој на првата средба во Минхен ги постигна двата гола за неговиот тим и тогаш стана првиот фудбалер со 100 гола во евро-куповите (ЛШ и Лига Европа заедно).