Анчелоти: Судијата не беше дораснат на задачата, неопходно е воведување на видео технологија

Од:

Тренерот на Баерн Минхен во интервјуто по вечерашниот натпревар упати жестоки критики кон судијата Виктор Касаи и начинот на кој што беше суден натпреварот.

Баерн Минхен загуби со 4-2 од Реал Мадрид по продолженија, откако регуларните 90 минути завршија со предност на Баерн од 1-2.

Сепак, освен борбената игра на двата тима, тоа што најмногу привлече внимание на овој натпревар беше судењето од страна на унагарските судии.

Артуро Видал заработи втор жолт картон во една сомнителна одлука, во која што според снимките изгледаше дека тој направи чист старт и тоа што привлече повеќе внимание е голот за 2-2 на Кристијано Роналдо кој што беше од офсајд.

– Пред натпреварот размислувавме за се, освен за судиите. Навистина е штета бидејќи ова беше совршен натпревар. Горд сум на своите играчи, направија се што можеа, но се заврши како што се заврши, рече Анчелоти.

Тој смета дека Реал нема никакво влијание врз судиите, туку дека тие денес едноставно суделе лошо.

– Судијата не беше дораснат на задачата. Никогаш не сум поддржувал воведување на видео технологија, но морам да признаам дека сега е неопходна. Не смее вака да се одлучува за учесникот на полуфиналето во Лигата на Шампионите, рече Анчелоти.

Италијанскиот стратег кажа дека по натпреварот разговарал и со тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кој што му кажал дека судењето било лошо.

– На ова ниво на натпреварување не смее да се случува ова. Се надевам дека судиите наскоро ќе имаат помош од видео технологија, заклучи Анчелоти.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска