Врховниот суд ја одложи седницата на која требаше да се разгледуваат барањата на претседателот на судот, Јово Вангелевски. Од судот информираат дека седницата е одложена поради тоа што дел од судиите се на боледување.
На седницата требаше да се расправа за тоа дали незаконски стекнатите докази, односно прислушуваните разговори кои ги објави опозицијата може да бидат употребени во судска постапка.
Исто така, предмет за расправа требаше да биде и барањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски да се преиспита одлуката за притвор на Сеад Кочан кој е осомничен во предмет на СЈО.