Енрике: Против Јувентус и со осум напаѓачи

Од:

Тренерот на Барселона, Луис Енрике по синоќешната победа над Сосиедад рече дека на претстојниот натпревар од Лигата на шампионите против Јувентус неговиот тим ќе направи се да ја анулира негативата од три гола од првиот меч во Торино.

– На реваншот со Јувентус ќе се бориме до крај, се додека имаме шанса. Во одредени моменти ќе треба да ризикуваме, па ќе нападнеме и со осум играчи. Нема што да изгубиме. Потребно е нашите играчи да веруваат во себе и да се поправиме во некои сегменти, истакна Енрике.

Тој побара поголемо трпение од навивачите и ги повика да помогнат на тимот во завршницата од сезоната.

– Мината сезона освоивме се и навивачите се навикнати да победуваме, но тое не може вечно да трае. Тие мора да веруваат во своите миленици и да ги бодрат и кога резултатите не се какви што сите посакуваме, додаде предводникот на Каталонците.

Барселона во шпанската Примера е на 2.место зад лидерот Реал Мадрид кој има три бода повеќе и натпревар помалку, а во реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите во среда против Јувентус на свој терен ќе се обиде да надополни 0:3 од првиот меч во Италија.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска