Најмалку 320 лица загинаа во поплавите и свлечиштата во колумбиската општина Мокоа, соопшти претседателскиот кабинет.
Меѓу загинатите има 118 малолетни лица, а ранети се 332 лица, од кои сите веќе се отпуштени од болница.
На банкарската сметка, отворена од Владата, за собирање средства за настраданите во природната непогода се доставени над шест милијарди пезоси (два милиона долари).
Во Мокоа продолжуваат активностите за обнова на оштетените објекти. Властите планираат до 17 април да ги обноват оштетените училишта.
Во текот на ноќта на 1 април во Мокоа поројните дождови доведоа до преливање на три реки. Свлечиштата, кои се формираа доведоа до разурнување на десетици куќи.