Екипата на Монако вечерва извојува победа од 3:2 на гостувањето кај Борусија Дортмунд во рамките на првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.
Гостите на полувреме водеа со 2:0 со головите на Килијан Мбапе во 19. минута и на Свен Бендер во 35. минута (автогол). Борусија преку Усмане Дембеле намали на 2:1 во 57. минута, но Мбапе во 79. минута зголеми на 3:1 и го најави триумфот. Конечните 2:3 ги постави Шинџи Кагава во 84. минута.
Овој натпревар требаше да се одигра вчера, но поради терористичкиот напад врз автобусот со фудбалерите на Борусија Дортмунд, средбата беше одложена за вечерва.
Во тек се натпреварите: Баерн – Реал Мадрид и Атлетико Мадрид – Лестер.
На вчера одиграниот натпревар во Торино, Јувентус со 3:0 ја победи Барселона.
Реванш натпреварите се на 18 и 19 април.