Натпреварот помеѓу Борусија Дортмунд и Монако се игра денеска од 18.45 часот, откако вчера беше одложен поради екплозијата која што се случи во близина на тимскиот автобус на домашната екипа.
Како што изјави тренерот на Борусија Дортмунд, Томас Тухел тие побарале од УЕФА повеќе време за опоравување по вчерашниот инцидент.
– Сакавме повеќе време за да се опоравиме. Треба време за да помине тоа чувство. Секој играч има право да му биде чудно на почетокот на натпреварот. Со оглед на тоа што се случиле и кога се игра натпреварот, ова сигурно нема да биде уживање во Лигата на Шампионите, изјави Тухем пред натпреварот.
Потегот на УЕФА, натпреварот да биде закажан веднаш наредниот ден го критикуваше и германската легенда Лотар Матеус, кој е стручен коментатор на Ска Спорт.
– Извори од тимот ми кажаа дека не сакале да играат денес, но биле под притисок на УЕФА и поликатака да се докаже дека Дортмунд е спремен за борба против тероризмот. За мене е неодговорно што играчите мора да играат вечерва. Не ја разбирам одлуката на УЕФА да направи таков притисок врз Борусија, заклучи Матеус.
При патувањето кон стадионот вчера три направи експлодирале во близина на автобусот на Борусија Дортмунд, при што со повреда се здоби Бартра од тимот на Борусија, а натпреварот беше одложен за денеска.
Гостите од Монако славеа со 3-2 на овој натпревар, откако на полувреме водеа со 2-0.