Москва: Изјавата на Тилерсон не ја сметаме за ултиматум

Од:

Москва не ја смета за ултиматум изјавата на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон дека Русија треба да избере дали ќе застане на страната на САД или ќе го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– На неа не гледаме како на ултиматум, туку како на политичка изјава, како на покажување мускули пред почетокот на разговорите. Тоа целосно се совпаѓа со пристапот на Вашингтон, изјави Захарова.

Тилерсон, кој попладнево допатува во посета на Москва, пред поаѓањето од Рим изјави дека Русија треба да избере дали ќе застане на страната на САД и нивните сојузници или ќе ги поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад, Иран и вооружената група Хезболах.

– Не е јасно дали Русија не ја сфаќа сериозно својата одговорност за Сирија или само е некомпетентна, но оваа разлика не им значи ништо на загинатите, изјави Тилерсон.

За утре се предвидени официјални разговори на Тилерсон со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски