Експлозија пред автобусот на Дортмунд, еден фудбалер е повреден, натпреварот ќе се игра утре

Од:

На само еден час пред почетокот на четвртфиналниот натпревар од Лигата на Шампионите при патувањето до стадионот, се случила експлозија пред автобусот на Борусија Дортмунд, по што еден фудбалер е повреден, а натпреварот е одложен за утре.

Како што објави весникот „Билд“, инцидентот се случил на 10 километри од стадионот, кога имало експлозија на патот во моментот кога автобусот поминувал, а фудбалерот Марк Бартра заработил повреда и го пренесле во болница.

Од тимот на Твитер го потврдија инцидетот и најавија дека повеќе информации ќе објават наскоро, додека од полицијата се уште немаат информации дали се работи за напад.

Според Борусија Дортмунд нема никаква закана за фановите кои што се во моментов на стадионот, а полицијата работи на брзо расветлување на случајот. Според првичните информации имало три експлозии.

Натпреварот е одложен за утре во 18.45.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска