Тилерсон пристигна во прва посета на Москва

Од:

Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон пристигна во прва посета на Москва.

Русија ги повика САД на конструктивна соработка, а не на конфронтација.

Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се изразува надеж за добри разговори со Тилерсон.

Американскиот државен секретар утре ќе има средба со рускиот колега Сергеј Лавров. Според руското Министерство за надворешни работи Лавров и Тилерсон ќе разговараат за украинската криза и конфликтот во Сирија, борбата против тероризмот, како и за Либан Јемен, Авганистан и Северна Кореја.

Пораптролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека не знае дали Тилерсон ќе има средба со претседателот Владимир Путин.

Руското МНР најави подготвеност за „што е можно најотворен дијалог“.

Во соопштението од МНР на Русија се изразува крајно загриженост од можноста САД да одлучат да преземат еднострана воена операција против Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски