Во Сибир измерени минус 48 степени

Од:

Сибирскиот дел на Русија е зафатен со екстремно ниски температури, кои во Краснорајскиот регион достигнуваат и до минус 48 степени Целзиусови, јави „Гласот на Русија“.

Во областите Омск, Томск, Кемеров и Новосибирск регистрирани се минус 43 степени, додека во Челабинската област минус 36 степени Целзиусови.

Училиштата во Новосибирск се затворени, а поради оштетување на водоводните цевки 1.500 лици се без топла вода.

Авионскиот и патниот сообраќај се одвива отежнато, поради маглата. Видливоста е намалена до 500 метри, а на некои места и до 200 метри.

Метеоролозите прогнозираат дека силниот студ ќе се задржи во Сибир до крајот на неделата, а потопли температури се очекуваат по 18 декември.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски