Тереза Меј и Доналд Трамп сметаат дека можат да ја убедат Русија да го напушти Башар ал-Асад

Од:

Британскиот премиер Тереза Меј и американскиот претседател Доналд Трамп мислат дека е можно да ја убедат Москва да ја запре својата поддршка за режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, се дознава по телефонскиот разговор меѓу двајцата западни лидери, пренесоа француските медиуми.

– Премиерката и претседателот се едногласни дека има можност Русија да биде убедена дека нејзиниот сојуз со Асад не е во нејзин стратегиски интерес, изјави портпаорлот на Меј.

Меј и Трамп телефонски разговарале по претпоставениот хемиски напад, извршен од сирискиот режим врз градот Хан Шејхун, во кој загинаа речиси 87 цивили.

Велика Британија изрази „целосна поддршка“ за американскиот ракетен напад од петокот врз воената база „Шајрат“ во провинцијата Хомс, како одговор на хемискиот напад.

Би можело да ве интересира

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа