(ВИДЕО) СДСМ: МВР е должно реално да ја утврди фактичката состојба за насилството врз Максим Димитриевски

Од:

„Односот на МВР кон инцидентот во којшто е физички нападнат пратеникот Максим Димитриевски ја покажува на дело партизираноста на полицијата и е уште еден аларм зошто мора итно да има промени и нова Влада којашто ќе се грижи за граѓаните.

Физички напад и насилство врз пратеник извршија несовесни припадници на МВР во цивилна облека, во алкохолизирана состојба.

МВР наместо сериозно да се зафати со расветлување на случајот, недозволиво излезе излезе со констуирани клевети кон пратеникот, без да ја слушнат неговата изјава. Не е запазена процедурата да не се излегува со предвремени информации, додека не заврши истрагата.

Дополнителна потврда дека не се знае што е МВР, а што ВМРО-ДПМНЕ покажуваат прес конференциите на партијата на Груевски во заминување од власт, којашто си дозволува да коментира случај во надлежност на полицијата.

Бидејќи институциите се узурпирани од кадри на раководството на ВМРО – ДПМНЕ кои монтираат случаи со кои што насилниците ги прикажуваат како жртви, укажуваме на дека професионалците во МВР и органите на истрагата се должни реално да ја утврдат фактичката состојба и да поднесат соодветни пријави за насилството врз Максим Димитриевски и неговото семејство во Ресторан Палас – Куманово.

Истовремено, бараме од претседателот на ОК Куманово, Драган Петковски, јавно да се извини за лагите и клеветите против Максим Димитриевски кои изнесени на вчерашната прес конференција. Во спротивно ќе следи соодветна постапка“ изјави Сашо Тодоровски, портпарол на ОО СДСМ Куманово.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Македонија си има свој Мадуро, во врвот на власта

Горан Наумовски