ЕЛЕМ: Сите јавни постапки се спроведени во целосна согласност со законот

Од:

АД ЕЛЕМ со писмено соопштение реагираше на прес конференцијата на пратеникот Васко Ковачевски од СДСМ.

„Пратеници на СДСМ продолжуваат грубо да го злоупотребуваат Собранието на Република Македонија и да шират шпекулации кои немаат никаква врска со вистината. АД Електрани на Македонија уште еднаш нагласува дека сите јавни постапки, па и предметната за која денеска зборува господинот Васко Ковачевски е спроведена во целосна согласност со Законот за јавни набавки и со добиено одобрение од Советот за јавни набавки.

Ние сè уште го очекуваме Ковачевски да дојде во просториите на РЕК Битола со цел да му се овозможи целосен увид во документацијата за спроведената постапка. Доколку не сака да дојде, подготвени сме целиот предмет да му го испратиме по поштенски пат. Доколку увиди незаконски елементи во постапката, АД ЕЛЕМ е подготвено да преземе одговорност, но во случај да не најде , очекуваме негово јавно извинување. Во спротивно компанијата ќе ги преземе сите законски можности за поднесување тужба за клевета. Затоа, во понатамошниот период компанијата ќе се воздржи од јавна полемика со СДСМ за предметната тема.

АД ЕЛЕМ и понатаму останува максимално посветено на обезбедување сигурен енергетски сектор и ќе продолжи да носи одлуки кои ќе бидат во согласност со законите, како и со потребите на граѓаните и на стопанството“ се вели во реакцијата на ЕЛЕМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Николов: Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена на струјата

Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени, а пред месеци вработуваше и уште вработува преку агенции за привремени вработувања

Катерина Ѓуровски