Вангеловски: СЈО одбива да постапува по барање на Врховен суд

Од:

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Јово Вангеловски во денешното соопштение до медиумите наведува дека Специјалното јавно обвинителство одбива да постапува по нивното барање, со што влијае на пролонгирање на итна постапка која се води пред овој суд.

– Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека на 06.04.2017 година беше доставено барање за информација до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Поради итниот карактер на доставеното барање, шефот на кабинетот на претседателот на Врховниот суд на Република Македонија оствари неколку телефонски разговори со шефот на кабинетот на кавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, од каде се уште нема одговор по поднесеното барање, се вели во соопштението.

Од Врховниот суд на Република Македонија сметаат дека „Обвинителството очигледно одбива да постапува по барањето на Врховниот суд на Република Македонија, со што, како што додаваат, влијае на пролонгирање на итна постапка која се води пред овој суд“.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Врховен ја одложи седницата за „Монструм“ за 14 јуни

Врховниот суд утврди начелен став за директна примена на Уставот и Европската конвенција за заштита на човековите права

Ана Ололовска

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Врховен ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда за предметот „Шпион“

Ана Ололовска

Претседателката на Врховен нема намера поради снаата да се повлече од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители

Кристијан Ландов