Грците и се лутат на Македонија и за двопек

Од:

Голем број грчки потрошувачи ја осудуваат одлуката на грчката компанија „Елбиско“ да го пресели производството на двопекот „Елит“ во Скопје, јавија медиумите во Грција.

Истакнувајќи дека на двопекот кој се продава во Грција пишува „Направено во Македонија од Жито лукс за Елбиско“, потрошувачите се жалат дека „компанијата одлучила да го пресели производството во Скопје и со тоа да остави десетици луѓе без работа во време на економска криза“.

„Ова покренува многу прашања зошто уште една грчка компанија избира да се богати од Грците… хранејќи ги… Скопјаните“, пишува грчкиот портал „Њузбомб“.

Порталот пренесува и коментари на „загрижени потрошувачи“ кои ги обвинуваат грчките бизнисмени затоа што профитот го ставаат пред се и одлучуваат да ги поддржуваат другите балкански економии а не својата за да ги спасат семејствата на оние што им прават профит.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески