Во Битола одбележан Меѓународниот ден на Ромите

Од:

Здруженијата на граѓани и невладини организации на Роми од Битола и од неколку македонски градови денеска го одбележаа 8 април, Меѓународниот ден на Ромите.

Во обраќањето пред присутните гости, претседателот на Здружението на Роми „Ромска ѕвезда“-Битола, Џевдет Џеловски истакна дека Ромите се интегрален дел од македонското општество и со задоволство потсетуваат на културните вредности на ромската заедница.

– За нас Ромите денешниот ден е многу значаен ден бидејќи е роденденот на сите Роми. Со гордост го прославуваме празникот на ромската заедница. Ние, Ромите, како интегрален дел од македонското општество, сме рамноправни со останатите граѓани и како секогаш така и денес ја презентираме нашата култура и традиција, истакна Џеловски.

На централната манифестација посветена на Меѓународниот ден на Ромите настапија познати музички имиња од македонската и ромската естрада, културно-уметничките друштва „Илинден“ и „Гоце Делчев“ од Битола, поети, ди-џеи и други уметници.

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин