Дали претседателот Трамп може нешто да научи од сопствените грешки?

Од:

Гласот на Америка – Вашингтон

Извесно е дека претседателот Доналд Трамп, како и многу негови претходници поминува низ фаза на промени од претседателски кандидат до претседател во полн капацитет на таа функција.

Поддршката на Американците за работата и активностите на претседателот на САД, Доналд Трамп; во десетата недела од влезот во Белата куќа беше само 35 отсто според последната анкета на Галуп. Многу аналитичари оценуваат дека претседателот требало да промени многу работи, практично да ги ресетира ако не некои политички, економски и финансиски интенции, тогаш макар некои од начините на кои ги врши претседателските обврски.

Најсериозниот неуспех на претседателските настојувања се пропаднатите напори да биде усвоен законот за здравствено осигурување, наместо постоечкиот т.н. Обамакеар. Обидот за усвојување пропадна поради несогласувањата меѓу Републиканците и Пратеничкиот дом на Конгресот.

Освен тоа и на две судски одлуки се блокирани извршните наредби за забрана на влез во САД од повеќе доминантни муслимански земји, јасни се предупредувањата дека Доналд Трамп, иако се уште на самиот почеток на претседателскиот мандат, треба нешто да менува.

– Претрпе голем чекор назад. И тоа треба да биде повод добро да размисли и можеби да преориентира некои од идните чекори. Макар да ја промени стратегијата и тактиката, ако нема и не сака да ги менува клучните определби, истакнува Вилијам Галстон, аналитичар од Институтот Брукингс,

Дебаклот со новиот закон за здравствено осигурување многу јасно покажа дека можностите на претседателот Трамп да се избори и да добие целосна, безусловна поддршка во Републиканската партија, се ограничени.

– Мислам дека тој мора реално да ја одмери моќта, која ја има како претседател. Но, исто така да биде свесен за моќта која ја нема. Тој не е диктатор, тој не е крал. Кога ќе каже скокнете, Републиканците во Конгресот нема да прашаат – Колку високо. Ќе прашаат – Зошто, констатира Џон Фехери, стратег на Републиканската партија.

Дали претседателот Трамп, може или сака нешто да научи од сопствените грешки?

– Прашањето не е дали новите претседатели на почетокот на мандатот целосно се подготвени и способни за обврските и одговорностите. Повеќето од нив не се. Прашањето е дали можат да учат од почетните грешки и да го менуваат курсот, потсетува Вилијам Галстон.

За сега и до сега, извесно е дека претседателот Трамп, како и многу други негови претходници, минува низ фаза на промени од претседателски кандидат до претседател во цел капацитет на најтешката функција во САД.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти