Првиот „Брегзит“ започнал пред 450.000 години

Од:

Додека Велика Британија крои стратегија како најдостоинствено да излезе од Европската Унија, британските научници открија дека, физички, островот започнал да се одделува од континентот уште пред 450.000 години.

Според геолозите, на местото на денешниот теснец потоа се формирал висок водопад, а земјиштето кое претставувало преграда, всушност било сувоземната врска помеѓу Европа и Англија.

– Дотогаш тоа копно било поврзано со она што денес го нарекуаме Франција. Земната поврзаност се прекинала и потоа исчезнала, изјави Санџив Гупта од Кралскиот колеџ во Лондон.

Тимот на Гупта подробно го истражувал морското дно во областа на англискиот град Довер и францускиот брег околу Кале, во најтесниот дел на каналот Ла Манш. Тие таму откриле голем број „дупки” во морското дно, од кои некои се длабоки над 100 метри и широки околу километар.

Пред околу 160.000 години се случил последниот „судбоносен“ катаклизмичен земјотрес, кој конечно го одвоил островот од Европа.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ