Гонзалез: Нема фаворит, го респектирам Загреб

Од:

Во пресрет на утрешниот дуел од Ф4 турнирот во ракометната СЕХА лига, тренерот на Вардар, Раул Гонзалез не смета дека Вардар е фаворит, бидејќи за него секој противник е силен, и секого респектира. Така е и со ППД Загреб, иако нивниот тренер Славко Голужа уште на прес конференцијата најави дека немаат некој императив, освен да одиграат добро.

– Не е тоа ништо. Тоа што го зборува нивниот тренер не е баш така. Не сакам да зборувам кој е фаворит. Вие имате ваше мислење. Јас сакам да се фокусирам на натпреварот. Игравме четири пати сезонава и двапати победивме. Не се знае кој е фаворит. Сигурно е само дека ќе играме максимално, вели Гонзалез.

Сите натпревари меѓу Вардар и ППД Загреб биле неизвесни. Тоа и сега се очекува, особено што хрватскиот првак и нема што да загуби.
Очекувам силен меч и неизвесен меч. И ние имаме доста играчи на располагање, и тие имаат исто така голем ростер. Играат добро 5-1 и 6-0. Треба да нападнеме добро, и да реализираме, зашто во спротивно ќе бидеме казнети, додаде шпанскиот стручњак кој го предводи македонскиот шампион.

Вардар и ППД Загреб првпат сезонава ќе играат на неутрален терен и ќе решат која екипа е поуспешна. Тоа ќе биде полуфиналниот меч од Ф4 турнирот на СЕХА лигата. Вардарци двапати победија, по еднаш во СЕХА лигата и лигата на шампионите сезонава, а исто толку успешни беа и Хрватите.

Натпреварот во рамките на полуфиналето на „Фајнл Фор“ турнирто во Брест се игра утре од 17 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Вардар нема да оди на шеста СЕХА титула по пенал-драмата со Нексе

Вардар: Изборивме место на Ф4, СЕХА реши да не исфрли поради позитивен случај

А1он

Вујовиќ по исфрлањето на Вардар од Ф4: Срамна одлука на СЕХА

СЕХА потврди, Вардар нема да игра на „Фајнал фор“

А1он

Поради позитивен ракометар на коронавирус, Вардар најверојатно нема да игра на Ф4 во СЕХА

А1он

СЕХА: Еурофарм Пелистер елиминиран во четвртфиналето