Поранешниот полски ски скокач и светски шампион и освојувач на четирите новогодишни скокалници Адам Малиш, ги одработува последните подготовки пред своето второ учество на најтешкото светски рели Дакар.
На Дакар 2012 Адам Малиш со Мицубиши се натпреваруваше во конкуренција на автомобили заедно со Рафаел Мартон . Крајот на релито оваа двојка го дочека на скромното 37 место.
„Летечкиот Полјак“ на Дакар 2013 се надева дека ќе оствари многу подобар пласман од колку во дебитантската сезона, негова цел годинава е пласман до 20 позиција.
Во своето второ учество на Дакар Малиш повторно ќе биде со својот колега Мартон. Но годинава до добри резултати и на пустинскиот песок ќе се обиде да стигне во автомобил на Тојота.
„Во 2012 моја цел беше само да ја завршам трката и го остварив тоа. Сега сакам да направам чекор напред, се надевам дека ќе освојам едно од првите дваесет места во генералниот пласман, тоа би го сметал за огромен успех. Свесен сум дека тоа нема да биде нималку лесно, јас се уште сум само почетник во светот на автомобилизмот и имам уште многу работи за учење. За среќа, крај себе го имам Рафаел, чие искуство е драгоцено, особено на трки како релито Дакар“ – изјави Малиш.