Северна Кореја најави продолжување на вселенската програма

Од:

Северна Кореја соопшти дека лансирањето на ракета за цивилни цели е нејзино „законско право“ и најави дека ќе продолжи да ја развива вселенската програма и покрај санкциите на Советот за безбедност на Обединетите нации.

– Независно од тоа што кажуваат другите ние ќе продолжиме да го користиме законското право да лансираме сателити, изјави портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи.

Тој го потенцира цивлниот карактер на севернокорејската вселенска програма, како дел од планот „за економски развој и подобрување на состојбата на населението“.

САД и меѓународната заедница го осудија денешното лансирање на ракета со голем дострел, додавајќи дека е во спротивност со резолуциите 1218 и 1874 на Обединетите нации, со кои и се забранува на Северна Кореја секаква нуклеарна и балистичка дејност.

Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи наведе дека тоа прашање не е под ингеренции на Советот за безбедност на ОН, додавајќи оти стратегијата на конфронтација не води до решавање на ниту еден проблем.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња