Непознато лице со закана со нож синоќа ја ограбило аптеката „Бета Фармација“ на улица „Франклин Рузвелт“ во Скопје, соопшти денеска МВР.
Разбојништвото било пријавено во полиција синоќа во 21 часот. Крадецот влегол во аптеката и со закана со нож одзел од вработената 21 илјада денари од дневниот промет, по што избегал. Полицијата презема мерки за негово пронаоѓање.