„Поранешната владеачка партија која изминативе 10 години Македонија ја вовлекува од една во друга, не само политичка, туку и економска, социјална и морална криза, нуди излез од истата. Невиден апсур, дрскост и лицемерие е политичкиот субјект кој служеше како параван за задоволување на тесни фамилијарни интереси на штета на сите граѓани на Република Македонија, да нуди излез од провалијата во која ја турна државата. „Патоказот“ наместо излез, нуди движење кон уште еден политички ќорсокак во кој сериозно ќе се доведе во прашање и унитарниот карактер на државата и широко ја отвора вратата на двонационална држава. Она против што наводно се борат, е цената која се подготвени да ја платат, само за да се избегне правното санкционирање на сите кривични дела од нивната „агенда“ за девастирање на државата и лично богатење.
Упорното инсистирање на принципот победниците во македонскиот и албанскиот политички блок да формираат влада, како прва точка од „патоказот“ за спас на државата од редифинирање, води токму кон тоа – загрозување на уставниот поредок. Тоа е чисто етно-центричен пристап во организирањето на извршната власт кој директно го загрозува унитарниот карактер на држвата и мултиетничкиот карактер на македонското општество, со тоа што се промовираат два паралелни политички ентитети кои треба да испорачаат свои претставници. Се загрозува и уставниот принцип дека суверенитетот произлегува иим припаѓа на граѓаните на Република Македонија, притоа не правејќи никаква разлика помеѓу нивната етничка припадност.
Поставувањето на странски агенди како подлога во раководењето со една држава, втората точка од „патоказот“, секако дека не е прифатливо. Само изборните резултати се „платформата“ врз основа на која се креираат и спроведуваат политиките на извршната власт – тука лежи и основата на политичкото делување на новата владејачка коалиција во Македонија. „Туѓи агенди“ или „платформи“ не се, ниту можат да бидат дел од политичките цели, туку само владина програма поставена во рамки на Уставот, а која граѓаните веќе ја верификуваа на 11 декември минатата година. Кога станува збор за надворешни влијанија и стандарди на внатрешно и надоворешнополитичко делување, со самото тоа што Македонија претендира кон ЕУ и НАТО имплицира, препознавање и прифаќање на одредени политички вредности и норми, кои очигледно не се по желба на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа е единствениот пат кој може да гарантира безбедност и развој на државата. Си¬те држави што се ас¬пи¬ран¬ти за влегување во ЕУ, се от¬ка-жу¬ва¬ат од дел од су¬ве¬ре¬ни¬те¬тот и го от¬ста¬пу¬ва¬ат на ор¬га¬ни¬те на ЕУ, токму тој развој е извор на стравовите кај ВМРО-ДПМНЕ, за тоа што ќе се отвори едно од најважните поглавија во преговорите – владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата.
Впрочем, една од темелните вредности на Уставот е и почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право, што значи дека Македонија не може да се исклучува од меѓународните односи поради тоа што одредени политички вредности не му се допаѓаа или се косат со лукративните интереси на Никола Груевски.
НСДП смета дека е непотребна, неприфатлива и штетна било која форма на полтронство и сервилност на „албанските“ политички партии кон албанскиот премиер Еди Рама или негово патронство врз нив, затоа што сметаме дека е неопходно стратешките интереси наРепублика Македонија да се утврдуваат независно од етничката припадност. Илузорно е да се очекува во услови на политички плурализам и мултикултурност, дека политичките партии кои се во состојба да формираат влада можат во целост да инсистираат на своите програмски определби со кои излегле на изборите. Коалициона влада е можна само доколку политичкитепартии кои што ја фомираат, се откажат од дел од своите програмски определби и се во состојба да направат програма за функционирање на заедничка влада. Просто е невозможнопрограмата на една партија од коалицијата во целост да биде преточена во Владина програма.
Инсистирањето на ВМРО-ДПМНЕза откажување од т.н. „тиранска платформа“ на „албанските“ политички партии не е ништо друго туку најобична мантра за манипулирање со гласачкото тело, бидејќи ниту една од 19-те точки во платформата не може да се реализира без согласност на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Така што била која одлука која имплицира на редифинирањето на државата,одлука за промена на државните симболи или името, не може да се донесе без 2/3 мнозинство, кое во моментот го немаат партиите од новото владино мнозинство. Не веруваме дека тоа му е непознато на Груевски, колку што тоа се прави со намерна да се спречи мирното пренесување на власта кон новата коалиција и да сеизбегне кривична одоговорност за партиските функционери кои една деценија ја злоуптребуваат власта во Македнија.
Наспроти ставот на ВМРО-ДПМНЕ изнесен во третата точка, изборот на Претседател на Собранието треба да биде резултат на договор на коалиционите партнери кои формираат влада. Како ВМРО-ДПМНЕ замислува одговорно владеење на една коалиција доколку не е во состојба таа на најбрз можен начин да организира законодавна и извршна власт. Се разбира дека Претседателот на Собранието е само по себе значаен фактор во организирањето и претставувањето на Собранието и без сомнениедека тој треба да има, пред се, морален кредибилитет, а не да биде слеп послушник на владејачката партија.
ВМРО-ДПМНЕ не може да сфати една работа, дека под победник на изборите се подразбира само политичка партија или партии кои се во состојба да состават Влада. Може ВМРО-ДПМНЕ да има и 60 пратеници, но доколку ниту еден од останатите 120 пратеници не сака да коалицира со неа, тие нема да можат ниту да имаат Претседател на Собранието, ниту пак да состават Влада. ВМРО-ДПМНЕ мора да прифати дека под волја намнозинството граѓани мора да се разбере волјата на сите граѓани кои гласале за партиите кои се во состојба да обезбедат 61 пратенички мандат за состав на Влада. Впрочем, подеднаква вредност имаат гласовите на сите граѓани, незавосно од етничката припадност. Инсистирањето на ВМРО-ДПМНЕ дека само Македонец може да биде Претседател на Собранието е националистички и шовинистички став.
Во однос на четвртата точка, Уставот на Република Македонија проектира развој на мултикултурно општество во чиј рамки постојат можности за остварување какона индивидуалните права на припадниците на сите етнички заедници, така и на нивните колективни права. Македонија треба да стане заедница на рамноправни граѓани, а не на рамноправни етнички заедници. Македонското општество не е збир на колективитети, туку на граѓани, во кое се гарантирани и колективни права.
Она што ВМРО-ДПМНЕ го испорчаува во петата точка од „патоказот“ е во спротивност со целокупната негова политика во однос на Македонија. Институциите, економијата и европските реформи претрпеа најголеми штети токмуод нив, и сега немаат никакво морално право да инсистираат на работи за кои десет години упорно демонстрираат дека немаат ниту капацитет, ниту волја да ги направат. Нивната деструктивна политика која ја загрозува и стабилноста на државата, може да ја видиме и деновиве во театарот на апсурдот кој го прават во Собранието преку реплицирање на самите со себе“, се вели во соопштението на НСДП.