ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Од:

Пена му фати устата на Филипче од бранење на бугарските позиции, односно велеше Бугарија не го негира македонскиот идентитет, туку дека тоа е лага на ВМРО-ДПМНЕ, велат од владеачката партија.

– Секако, стигна брз демант од новоформираната влада на Радев, поточно од министерката за надворешни работи која не окарактеризира како „северномакедонци”. За тоа време, од македонската опозиција предводена од војникот на Румен Радев – молк! Филипче кој од петни жили ги брани бугарските позиции на Радев, молчи кога го нарекуваат северномакедонец. Тоа е таа мекотелна политика на СДС, Заев и Филипче. Доколку тие се на власт, ќе го променат и идентитетот, јазикот, историјата и културата. Со овој однос на Филипче и СДС, јасно станува дека тие немаат проблем Гоце Делчев да е Бугарин, Илинденското востание да е бугарско, Крсте Петков Мисирков да е Бугарин, и секако немаат проблем Македонија да стане Бугарска провинција. Ваквите политики на коленичење и виткање кичма пред оние кои ве негираат ги доведе до овој стадиум, четврта политичка партија со рејтинг сличен на статистичка грешка, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

По прес-конференцијата на Филипче: „Во паника е дека се одмотува клопчето, сите се криминалци, само тој е чесен“

Филипче: Ја погребаа партијата, нека ми се тргнат од патот, нека не ми држат лекции